Во карантин 12 патници од летот Дубаи – Њујорк

Околу стотина од вкупно 500 патници во авионот на компанијата „Емиратс“ што слета во Њујорк од Дубаи имале симптоми на кашлица и треска со покачена температура, што предизвика сериозна загриженост на прометниот аеродром.

239

Дванаесет патници од авионот што денеска беше ставен во карантин на аеродром Џон Фицџералд Кенеди во Њујорк биле хоспитализирани поради сериозноста на здравствените симптоми на кои се пожалиле.

Околу стотина од вкупно 500 патници во авионот на компанијата „Емиратс“ што слета во Њујорк од Дубаи имале симптоми на кашлица и треска со покачена температура, што предизвика сериозна загриженост на прометниот аеродром.

Во Белата куќа, Сара Сандерс, портпаролка на претседателот Доналд Трамп, изјави дека состојбата внимателно се следи. Се уште не е позната точната причина на масовните симптоми кај патниците, но по неколку часа повеќето од нив биле пуштени од авионот, откако биле прегледани од страна на лекарските екипи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...