Во Калифорнија од грип веќе починале 42 лица. Смртните случаи почнале во октомври, кога и официјално почнува сезоната на грипот. Грипот трае до мај а во февруари го достигнува пикот.
Постарите лица имаат поголема шанса од сериозни компликации по заразувањето со грип, како запаление на белите дробови. Околу половина од починатите биле постари од 65 години, според податоците на таа сојузна држава.
Во Калифорнија и воопшто во САД има грип од типот Х1Н1, познат како свински грип.
На национално ниво 77 отсто од случаите досега биле позитивни на Х1Н1, соопшти Центарот за контрола и превенција на болести.