Во Калабрија 50 лекари во карантин

144

Околу 60 матични лекари во градот Косенца, на југот на Италија, се во карантин затоа што биле во контакт со продавач на фармацевтски производи, кој е заразен со новиот коронавирус.

Директорот на италијанската федерација на  лекари за општа пракса изјави за АНСА дека ситуацијата е „загрижувачка“.

Тој рече дека од денеска, 70,000 луѓе во Калабрија немаат матичен лекар на кој можат да се обратат.

Италија бележи драматично зголемување на бројот на мртви и заразниод Ковид-19 во изминатите 24 часа, и покрај воведувањето карантин во Ломбардија и други области на северот. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...