Во Казахстан за претседателските ибори приведени околу 100 луѓе

63

Казахстанската полиција приведе речиси 100 луѓе, кои излегоа на улиците на престолнината Нурсултан на барање на забранетата политичка партија Демократски избор на Казахстан, соопшти заменикот министер за внатрешни работи Марат Кожаев.

Гласачите во Казахстан денеска го избираат наследникот на Нурсултан Назарбаев, кој ја водеше државата од добивањето независност.

Предвремените претседателски избори беа закажани откако Назарбаев неочекувано поднесе оставка во март.

Се очекува в.д. претседател Касим-Жомарт Токаев да победи на изборите, на кои учествуваат уште шестмина кандидати

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...