Во Кавадарци ќе се прави регионален вински музеј

176

Кавадарци ќе добие регионален вински музеј во градскиот парк. Едногласната одлука  за основање денеска ја донесе Советот на општина Кавадарци.

Според одлуката, средствата и имотот ќе се обезбедат од буџетот на општината, Министерството за култура и други извори.

Советниците позитивно го оценија елаборатот изготвен од Весела Честоева, кустос историчар на уметност и археолог при Музеј галерија Кавадарци.

На седницата беше кажано дека Тиквешијата е регион каде со векови се одгледувала виновата лоза.

– Музејот ќе ги обединува сите музеолошки дисциплини. Археолошка, етнолошка и историска – рече меѓу другото Честоева.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...