Од утре во Кавадарци започнува традиционалната манифестација „Тиквешки гроздобер 2018” со тродневна целодневна и вечерна програма.
Градот Кавадарци со задоволство ги кани сите граѓани да бидат дел од оваа голема манифестација, каде ќе се задоволат сите вкусови – ќе се врати традицијата, но ќе има и моменти на забава за сите возрасти.
На 7, 8 и 9 септември бидете дел од програмата која ќе се случува на 5 различни локации во градот Кавадарци, порачуваат организаторите на манифестацијата, истакнувајќи дека овој „Тиквешки Гроздобер 2018-Кавадарци” ќе биде уште една убава „Приказна под отворено небо”.