Во Кавадарци средба за плановите за инвестиции на ИГМ трејд

504

Барањето на компанијата ИГМ трејд за промена од Г2 во Г1 индустрија, беше тема на средбата што ја имаа премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во Кавадарци со општинските советници, претставници на ИГМ трејд, регионална стопанска комора и повеќе граѓански и еколошки организации.

Средбата се одржа на барање на општината, и како што истакна Јанчев, во интерес на транспарентноста и на економијата.

– Општината може да опструира или не, но треба да има аргументи и став – рече Јанчев, нарекувајќи ја инвестицијата од државно стратешко ниво.

Заев нагласи дека нема поголем приоритет од здравјето, но се осврна и на значењето на економијата во севкупниот живот.

– Немам намера како премиер да влијаам врз локалната самоуправа. Таа е посебна власт – нагласи тој.

Тој додаде дека секоја инвестиција е добредојдена. Претставник на индиска компанија бил во Владата и ја соопштил намерата за инвестиција заедно со кавадаречката компанија. Инвестицијата во проектот за ладна валалница со модерна технологија е поголема од шеесет милиони евра. Премиерот се осврна и на процедурата која мора да се запази во ваква ситуација.

Според него, станува збор за незагадувачка индустрија.

Во салата на општинската зграда, продолжуваат дискусиите на оваа тема.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...