Во Италија утре е прогласен Ден на жалост

Погребната церемонија ќе биде пренесувана во живо на Радио и телевизија на Италија (РАИ).

63

Во Италија утре е прогласен Ден на жалост поради жртвите од уривање на надвозникот во Џенова, при што загинаа 38 луѓе, а од 10 до 20 лица се водат како исчезнати.

За утре е предвидена литургија и погребување на жртвите. На церемонијата ќе присуствуваат и претседателот и премиерот на Италија, Серџо Матарела и Џузепе Конте.

Погребната церемонија ќе биде пренесувана во живо на Радио и телевизија на Италија (РАИ).

Надвозникот Моранди, дел од автопатот А10, се урна во вторникот.

Бетонскиот мост Моранди е изграден во 1967 година, висок е 90 метри и долг малку повеќе од еден километар. Најдолгото растојание меѓу два столба е 200 метри. Целиот мост бил реконструиран во 2016 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...