Во Италија за три дена запленети над 1.200 килограми марихуана

45

Во изминатите три дена италијанската полиција заплени над 1.200 килограми марихуана произведена во Албанија,чија вредност на нарко пазарот би достигнала вредност од околу 11 милиони евра.

Во последната акција, полицијата кај Лече заплени 294 килограми марихуана и 16 килограми хашиш и уапси двајца албански државјани.

Дрогата од Албанија била транспортирана со моторен чамец. Двајцата Албанци чиј идентитет не се соопштува кога стигнале на брегот се дале во бегство, но по интензивната потрага полицијата ги пронашла во граскиот парк и ги уапсила.

Според полицијата запленетата дрога доколку стигнела на нарко пазарот би достигнала вредност од над три милиони евра.

Во акцијата, ден претходно, италијанската поморска патрола спречи шверц на 352 килограми марихуана, која, исто така, со моторен чамец преку Јадранско Море била транспортирана од Албанија.Во акцијата беше уапсен италијански државјанин.

Пред три дена пак,во близина на Бриндизи, запленети беа  560 килограми марихуана и уапси двајца албански државјани,на возраст од 27 и 32 години. Вредноста на запленетата дрога се проценува на околу пет милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...