Најмалку четворица војници загинаа кога во станбениот кварт Санџактепе во Истанбул се урна турски воен хеликоптер – јави Анадолија.
Во инцидентот е повреден еден војник.
Засега не е позната причината за уривањето на хеликоптерот.
На местото на инцидентот пристигнаа повеќе возила на полицијата и Брзата помош.