Во Истанбул на 29 октомври ќе биде отворен најголемиот аеродром во светот, што се простира на површина од околу 76 квадратни километри.
За изградбата на аеродромот „Истанбул Јени Хавалимани“ се издвоени околу 10,5 милијарди евра.
Градењето на аеродромот започна во јуни 2014 година и досега е завршена првата од четирите фази на изградбата. Предвидено е аеродромот по првата фаза да може да прими 90 милиони патници.
Се очекува дека новиот аеродром, пред 2030 година, кога ќе биде завршена последната фаза од изградбата, да можат да го користат 150 милиони патници годишно, а можно е да биде надограден за прием на 200 милиони патници годишно.