Иранската Влада денеска нареди евакуација на 70 села поради опасност од поплави во провинцијата Кузестан која е богата со нафта.
Селата се наоѓаат во близина на реките Дез и Карке.
Најмалку 47 лица загинаа во последните две недели во поплавите кои, после најобилните врнежи во последните 10 години погодија повеќе ирански провинции, од северот до југот на земјата.
Во неколку провинции е прогласена вонредна состојба, а десетици илјади луѓе мораа да се евакуираат.
Локалните власти во Техеран апелираа на граѓаните да не се доближуваат до реките и областите во близина на брани.
Поплавите погодија најмалку 26 од 31 провинции во Иран од почетокот на врнежите на 19 март.