Во знак на протест, експерти на ОН ја напуштаат Унгарија

653

Експерти од Работна група за арбитрарен притвор при Обединетите нации соопштија дека ја прекинуваат посетата на Унгарија затоа што не им бил дозволен пристап до двете „транзитни зони“, близу границата со Србија каде се собираат мигрантите.

Во соопштението се наведува дека експертите изразуваат протест поради одбивањето на властите да им дозволи посета на „транзитните зони каде мигранти и баратели на азил, меѓу кои и деца, се лишуваат од слобода“.

Унгарските власти однапред знаеле дека Работната група ќе ги посети тие локации.

Унгарија во 2015 година постави ограда од бодликава жица на границите со Србија и Хрватска, каде е воспоставена „транзитна зона“ каде барателите на азил се задржуваат до решавањето на нивните апликации.

Работната група наведе дека нивниот мандат предвидува „слобода на истрагата“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...