Многу земји во светот користењето на пластични кеси го сведоа на минимум, а некои, пак, целосно го забранија. Така, на пример, во Кенија од минатата година, нивната употреба се казнува со максимум четири години затвор.
Таа забрана опфаќа продажба, производство, па дури и едноставно држење пластична ќеса.
Онаму каде што употребата на ќеси е сведена на минимум, исто така има резултати. Данците на пример, употребуваат по четири кеси годишно.
Пластиката е голем загадувач на животната средина, па затоа Европскиот парламент неодамна ја одобри забраната за пластика за еднократна употреба.