Во замок близу Париз биле држени како заложници, крадците заминале со два милиони евра

106

Сопствениците на замокот Во-ле-Викомт, во близина на Париз, синоќа биле задржани од крадци како заложници. Притоа, крадците заминале со плен чија вредност се проценува на околу два милиона евра, истакна јавен обвинител, јави дописникот на МИА.

Настанот се случил нешто пред зората во замокот кој е изграден во 17. век и претставен како модел на Версајската палата.

Сопствениците биле врзани од неколумина крадци но нема повредени. Судската полиција во Версај е надлежна за истрагата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...