Првпат во Европскиот парламент денеска на седница на Надворешно-политичкиот одбор усвоен е извештај со внесен компромисен амандман, кој се однесува на разговори за можна корекција на граници како дел од решението за нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, јави Танјуг.
„Се поддржува дијалогот во кој посредува Европската Унија како рамка за постигнување сеопфатен договор меѓу Србија и Косово. Се смета дека секој договор може да биде прифатлив само доколку е взаемно усогласен, и ја зема предвид целокупната стабилност на регионот и меѓународното право“, се заклучува во текстот на компромисниот амандман.
Ист текст е внесен и во извештајот за Косово, кој исто така, е усвое во Надворешно-политичкиот одбор на ЕП.
За извештајот со дополнителен амандман гласаа 49, а три члена на Одборот беа против.