Во Еквадор уапсија програмер соработник на Асанж

67

Шведскиот програмер Ола Бини е уапсен на аеродром во еквадорскиот главен град Кито, кој е обвинет дека планирал да го уценува претседателот на државата Ленин Морено бидејќи ја повлекол поддршката на својата земја кон основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

При апсењето, 36-годишниот Бини кај себе имал најмалку 30 електронски апарати за складирање. Западните медиуми наведуваат дека тој е приведен само неколку часа откако Асанж е исфрлен од амбасадата на Еквадор во Лондон и уапсен.

Пријателите на програмерот тврдат дека тој е неправедно уапсен бидејќи се залага за дигитална приватност. Властите, пак, тврдат дека Бини планирал со двајца неидентификувани руски хакери да објави компромитирачки документи за еквадорскиот претседател.

– Правосудниот систем ќе докаже дали извршил криминал, но не може да се дозволи Еквадор да стане центар на пиратерија и шпионажа. Тој период во нашата историја е завршен, изјави министерката за внатрешни работи на Еквадор, Марија Паула Ромо.

Според неа, Бини 12 пати се сретнал со Асанж во еквадорската Амбасада во Лондон. Адвокатите на Швеѓанецот нагласиле дека се уште не знаат дали е покренато официјално обвинение против шведскиот програмер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...