Сѐ поголем е бројот на децата кои не знаат да користат тоалет, што е ужасно тешко за учителите, но и за другите деца кои ги немаат тие проблеми. Од училиштата не можете да очекувате да бидат заменски родители или да ги лекуваат сите општествени болести“, истакнала главната училишна инспекторка Аманда Спилмен.
Крис Тови, член на советот за образование, разговарал со управителите на 80 градинки и основни училишта и бил шокиран со она што му го кажале. Инаку, децата во Велика Британија во училиште се тргнува со наполнети пет години, а веќе со 11 одат во средно училиште кое мораат да го посетуваат до својата 16.година.
Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Pixabey