Во Египет лани извезени производи вредни 6 милиони евра

491

Во 2018 година извозот кон Египет бил во вредност од близу 6 милиони евра, соопшти МЗШВ.

– Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски,
заедно со државниот советник за меѓународна соработка на Министерството за
економија, Билјана Додевска, вршителот на должност амбасадор од Република
Северна Македонија во Египет, Зуко Ризвански и раководителот на секторот за
рурален развој во МЗШВ, Трајан Димковски, денеска во Каиро имаа
работен состанокот со министерот за земјоделство на Египет, Ез Ел-Дин Омар Абу Стеит. На состанокот се разговараше за унапредување на трговската
размена, за потенцијалните производи кои од Република Северна Македонија
може да се извезуваат во Египет, како и за иницијативата за намалување на
увозните тарифи – се наведува во соопштението.

Николовски ја истакнал подготвеноста од страна на Владата на РСМ да се склучи
преференцијален договор, кој ќе биде основа за продлабочување на
трговијата помеѓу двете држави.

– Една од темите беше примена на Протоколот за соработка во областа на земјоделството со Египет и почетокот со работа на работните групи од двете земји согласно одредбите од Протоколот. Од страна на египетскиот министер за земјоделство беа назначени лица кои ќе бидат членови на работната група, а од МЗШВ до Египет ќе бидат испратени имиња на членови од Република Северна Македонија. Исто така од страна на МЗШВ до Египет ќе биде испратен пополнет прашалник за анализа на ризик при увоз на јаболка од РСМ во Египет, од аспект на употреба на заштитни средства. Во делот на увозната царинска давачка од 40 отсто за увоз на јаболка, двајцата министри се договорија министерството за трговија и индустрија на Египет и Министерството за економија на РСМ, да воспостават комуникација – стои во соопштението.

Оттаму додаваат оти Република Северна Македонија во Египет најмногу извезува јаболка, праски, тутун и месо.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...