Во Драч запленети 1.5 милиони евра

2187

Во најголемото албанско пристаниште, Драч, запленети се 1.5 милиони евра откриени во автомобил при влез во Албанија.

– Во автомобил марка „тојота јарис“, без регистарски таблички, откриени се и одземени 1.5 милиони евра, сите во апоени од по 100 евра. Автомобилот пристигна на пристаништето со траектот што сообраќа на релација Анкона – Драч, потврдуваат одговорните во пристаништето.

Возилото, според истиот извор, тргнало од Белгија, а постојат осовани сомненија дека парите се стекнати од криминални активности. Истргата треба да го открие изворот на парите и нивната дестинација.

Инаку, во четвртокот лидерот на опозициските демократи Љуљзим Баша, упати тешки обвинувања до пратеникот од редовите на социјалистите Таолант Бала, дека пред три дена бил во Германија, купил авотмобил „Тојота јарис“ натоварена со 1,5 милиони евра од дрога.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...