Во два напади во Авганистан загинале 21 цивил

37

Најмалку 21 цивил, меѓу кои жени и деца, загнале во воздушни напади во јужната авганистанска провинција Хелманд, соопшти локален функционер.

Тој додаде дека во еден напад загинале 13 цивили, а во друг осум.

Двата напади биле извршени во областа Сангин, каде во тек се жестоки борби меѓу авганистанските сили поддржани од НАТО и талибанците.

Во нападите се повредени пет луѓе.

Портпаролот на гувернерот на провинцијата Хелманд изјави дека бунтовниците пукале врз авганистанските сили од цивилна зона и потврди дека има убиени цивили, но не кажа повеќе детали.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...