Германскиот Парламент денеска усвои резолуција со која се бара забрана за активностите на Хезболах и повикува таа либанска милитантна група да биде ставена на списокот на терористички групи на ЕУ.
Портпаролот на пратеничката група на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на Ангела Меркел, Матијас Миделберг, рече дека Резолуцијата е донесена во консултација со коалицијата Социјалдемократска партија, но и со опозициските партии.
– Неприфатливо е Хезболах да води терористичка кампања против Израел на Блискиот исток, финансирана преку бројни криминални активности. Ние ја повикуваме владата да ги забрани сите активности на Хезболах во Германија – рече Миделберг.
Тој додаде дека треба да се запре со разликувањето помеѓу политичките и воените активности, и Хезболах како целина да се стави на терористичкиот список на ЕУ.
– Тоа може да ги замрзне средствата на Хезболах во Европа – рече тој.
Велика Британија во март го забрани Хезболах.