Германските власти примиле околу 7.000 пријави дека некои од мигранатите извршиле воени злосторства во своите земји, но само 129 такви случаи се истражени.
Германскиот весник „Билд“ јавува дека канцеларијата за мигранти сите пријави за можни злосторства ги пријавила во обвинителството, и во сојузната канцеларија за криминална истрага меѓу 2014 и 2019 година.
Понатаму се наведува дека таква информација е дадена во одговор на прашање во Парламентот и дека ја потврдил министерот за внатрешни работи.
Меѓу 2015 и 2016 година во германија пристигнале околу милион мигранти, од кои повеќето од земји кои биле уништени во војни како што се Сирија, Ирак и Авганистан.
Со недели илјадници мигранти дневно бараат азил во Германија, па на властите често им е невозможно да го проверат нивното потекло.