Во Германија измерен нов рекорд 38,9 степени во јуни

153
ФОТО: EPA / FILIP SINGER

Во Германија е измерен нов рекорд за месец јуни откако во Бад Кројцнах, во централниот дел на земјата, живата во термометарот достигна 38,9 степени Целзиусови.

Само пред неколку дена во Кошен, во близина на границата со Полска, беа измерени 38,6 степени Целзиусови, со што е урнат 72-годишниот рекорд за месец јуни.

Германската метеоролошка служба соопшти дека вчера во Бад Кројцнах имало најмалку 38,9 степени. Подоцна, се појави информацијата дека живата се искачила на 39,3 степени Целзиусови, но од метеоролошка служба рекоа дека тоа не е потврдено.

Претходниот температурен рекорд, 38,5 степени, во Германија беше измерен во јуни 1947 година во југозападниот дел на земјата.

ФОТО: EPA / FILIP SINGER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...