На вчерашната владина седница не се разговарало за предлогот на претседателот на државата Ѓорге Иванов, досегашниот гувернер на Народната банка Димитар Богов да добие уште еден мандат за таа функција.
– Владата не разговараше за предлогот за гувернер. Одговорот треба да го барате во пратеничките групи за тие да го пренесат ставот на нивните политички групи – вели владиниот портпарол Миле Бошљаковски.
Во врска со изборот на гувернер, премиерот Зоран Заев пред два дена изјави дека за него е најважно да се овозможи независноста на НБРМ и стабилен курс.
Познато е дека овој предлог не е според желбата на ДУИ, од каде сметаат дека изборот на нов гувернер треба да падне на Фатмир Бесими.