Властите на Венецуела денеска наредиле апсење на 11 директори на Банеско, во најголемата приватна банка во држава, кои ги обвинуваат за напаѓање на валутата боливар.
Државата веќе со години се соочува со економски колапс и хиперинфлација, предизвикани од падот на цената на нафтата и социјалистичките реформи на Хуго Чавез. Официјалниот курс на доларот во Венецуела е 69.000 боливари, но на црниот пазар еден долар достигнува 800.000 боливари. Властите предводени од Николас Мадуро ги обвинуваат банките и трговците за економската катастрофа.
– Утврдивме одговорност на директорите за низа прекршоци, за помагање и координирање на напади против валутата на Венецуела со цел нејзино уривање – изјави обвинителот Тарек Сааб.
Неделава Венецуела уапси и двајца директори во американската нафтена компанија Шеврон, затоа што одбиле да и продадат машински делови државната нафтена компанија ПДВСА.
Фото: EPA/HUMBERTO MATHEUS