Во бунар во Мексико пронајдени 44 тела, спакувани во 119 вреќи

114

Форензичарите успеале да идентификуваат 44 тела, пронајдени во еден бунар во мексиканската држава Јалиско, во непосредна близина на градот Гвадалахара, јавија светските агенции.

Локалните медиуми пренесуваат дека станува збор за човечки остатоци кои биле сместени во 119 црни вреќи. Телата биле откриени на почетокот на месецов кога локалните жители се пожалиле на неподносливата смрдеа што доаѓала оттаму.

Јалиско е познат по најнасилните мексикански нарко картели, а ова е втора поголема гробница што е пронајдена годинава во оваа држава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...