Во болниците најчести се уринарните инфекции, а главно само поради ова

За да се спречат последиците од носење катетер уролозите укажуваат на најзначајните мерки на превенцијата.

1390

Тегобите поради кои се оди во болница може целосно да паднат во втор план поради долготрајната и болна уринарна инфекција. Се проценува дека 40 отсто од сите болнички инфекции ги прави токму воспалението на уринарниот систем, а најголем број од нив настануваат поради катетеризацијата.

За да се спречат последиците од носење катетер уролозите укажуваат на најзначајните мерки на превенцијата.

Важно е пациентот да испие до литар и пол течности на ден и при ставењето на катетерот да бидат стерилни условите. Исто така, неопходна е редовна замена на катетерот, а неговата промена би требало да ја врши лекар или патронажна сестра на секои две до три недели. Еднаш до два пати дневно важно е катетерот да се измие со раствор од борна киселина или со физиолошки раствор. Ќесето со урината би требало да се празни кога е полно до две третини, а важно е да биде закачено за креветот, никако да не биде на подот. При неговото заменување, местото на кое се спојува со катетерот мора да се исчисти со алкохол.
Уролозите објаснуваат дека, освен уринарните инфекции, последица од катетеризацијата може да биде и појавата на песок или камен во бубрегот или во мочниот меур.

Уште поголем проблем е кога ќе дојде до оштетување на слузокожата на мочниот канал (уретрата), бидејќи доаѓа до продор на бактериите од урината во крвта, што доведува до „катетерска треска“, па дури и до настанување на уросепса, велат уролозите.

Според нив, од значење за спречување на уринираните инфекции може да биде и превентивната употреба на антибиотици, но лекарите немаат усогласен став за видот, количината и времето на примената на овие лекови пред ставањето на катетерот.

Идеално би било уринарниот катетер да се отстрани што побрзо. Најдобро е во текот на пет дена од воведувањето, бидејќи зачестеност на појавата на бактерите поради катетер во текот на два до десет дена е 26 отсто, а по еден месец е речиси 100 отсто.
Жените се во 50 отсто поголем ризик од добивање инфекции на уринариот тракт во однос на мажите. Причината лежи во анатомијата на уринарниот канал, кој кај жените е пократок три до четири пати. Освен тоа, кај жените е многу помала оддалеченоста помеѓу мочниот канал и бешиката, па бактериите полесно доаѓаат до поволното место за размножување.

Во посебен ризик се постарите пациенти, како и оние со послаб имунитет, односно оние кај кои се спроведува имуносупресивна терапија. Исто така, пациентите со системски заболувања, како што е дијабетесот, се сметаат за многу ризични и подложни за настанување на уринарните инфекции при уринарната катетеризација.
Неподвижните лица, исто така, мора да носат катетер, што ги вбројува во ризичната група. Уролозите велат дека кај ваквите пациенти подобро решение е „кондом катетер“, кој се користи по потреба, бидејќи значајно се намалува можноста од настанување на инфекциите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...