Во Белград ќе биде поставен споменик на Карл Малден

Таткото на Малден, Петар потекнува од селото Подосоје, крај босанскиот град Билеќа. Тој се преселил во САД, каде што и е роден познатиот актер, чие вистинско име е Младен Секуловиќ.

257

Во „Југословенската кинотека“ во Белград на 14 јули ќе биде откриен споменик на американскиот актер Карл Младен.

Таткото на Малден, Петар потекнува од селото Подосоје, крај босанскиот град Билеќа. Тој се преселил во САД, каде што и е роден познатиот актер, чие вистинско име е Младен Секуловиќ.

Белградскиот весник „Српски телеграф“ наведува дека споменикот ќе го открие актерот Мајкл Даглас, кој по тој повод ќе допатува во Белград.

Во изјава за денешниот број на весникот, Даглас вели дека е почестен од поканата да го открие споменикот, додавајќи дека Малден имал пресудено влијание врз неговата актерска кариера.

Најавено е дека на откривањето на споменикот ќе присуствува и ќерката Малден со нејзиното семејство.

Малден е роден на 22 март 1919 година во Чикаго, Во текот на својата кариера има настапувано во над 60 филмови и серии, а добитник е и на Оскар за споредба машка улога во филмот „Трамвајот наречен желба“. Тој почина на 1 јули 2009 година во Лос Анџелес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...