Во Белград се одржа заседание на српските темплари со највлијателните витези од светот

На дневниот ред на заседанието било зачувувањето на христијанството и витештвото, избот на ново раководство и усвојување на декларација и резолуција за најголемите светски проблеми како што се сиромаштијата, гладот, питката вода, тероризмот и загрозувањето на христијанскиот свет.

314

Во главниот град на соседна Србија се одржало заседание на српските темплари, на кое присуствувале и највлијателните витези од светот. Во Белград се собрале околу 500 витези од дваесет држави, дознава весникот „Новости“.

– Драго ни е што се сретнавме во Белград по повеќе од 15 години. Србија е земја со силно христијанство и долга витешка традиција, на чија територија се сретнале многу култури и нации. Таа е прва православна земја која основала свој темпларски ред и го прошири и во Бугарија, Грција и Русија. Сега ни е укажана чест заедно да бидеме домаќини на сите чувари на христијанството во светот – изјавил за „Новости“ Патрик Ри, голем мајстор од Меѓународниот ред на темпларите.

На дневниот ред на заседанието било зачувувањето на христијанството и витештвото, избот на ново раководство и усвојување на декларација и резолуција за најголемите светски проблеми како што се сиромаштијата, гладот, питката вода, тероризмот и загрозувањето на христијанскиот свет.

Српскиот ред на темпларите е пригласен за голем приорат во март 2003 и со тоа е рамноправен член на меѓународната темпларска организација. Српските витези темплари имаат и свои делегати и во меѓународната организација, но и во ОН, УНИЦЕГ, НАТО и други меѓународни организации. Српскиот приорат има околу 200 членови.

За српскиот приорат многу се зборувало и на прославата во Атина по повод девет векови од појавата на темпларите. Со тоа им е дадено значајно признание, како најважен ред на истокот на Евтопа.

Новиот голем мајстор на меѓународниот темпларски ред бил среќен поради својот престој во Белград, каде неговите баба и дедо живееле пред 100 години.

Во меѓународниот ред на темпларите има повеќе од 7.000 членови од светот. Големиот ред се состои од национални организации, наречени приорати.

Фото: Новости

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...