Во Белград бизнис форум „Македонија 2025“ со 100 компании од регионот и Канада

406

Со учество на околу 100 компании, институции и организации од Македонија, Србија и Канада во Белград се одржа меѓународниот бизнис форум „Македонија 2025“, во организација на оваа невладина организација на успешни македонци од дијаспората и на Канадско-српското стопанско здружение (КАНСЕЕ).

Целта на настанот беше инспирирање на вмрежување и соработка помеѓу компаниите и поединците во Македонија, Србија и регионот во областите на странски инвестиции, агробизнис, регионални туристички капацитети, одговорно рударство, обновливи извори на енергија и паметни технологии, прецизира Џон И.Битов, претседавач на настанот и член на одборот „Македонија 2025“.

– Кога имате економска и политичка стабилност, младите луѓе остануваат во државите, бидејќи имаат работа и имаат можности. На форумот бизнисмените ќе имаат можност да чујат за шансите за инвестирање, за соработката меѓу индустриите и за најдобрите практики во регионот – изјави Битов.

Бизнис форумот имаше македонска енергија, бидејќи на многу интересен и динамичен начин се поврзуваа бизнисите во целиот регион, посочи Ана Коешал, Македонка која долги години живее и работи во Белград, како Извршен директор на Ана и Владе Дивац фондацијата.

– Нас регионалната соработка ни е многу битна и се надевам дека преку вакви бизнис форуми ќе можеме да воспоставиме нови партнерства и да помогнеме во регионот, каде сме сите и културоошки и економски на исти позиции – изјави Коешал.

Организацијата на Бизнис форумот беше подржана и од Канадската амбасада во Белград, надлежна за Македонија, Србија и Црна Гора.

– Еден од приоритетите на канадската Влада е промиварање на трговијата и инвестициите меѓу Канада и земјите во регионот и нивно интензивирање. Нудиме низа услуги во Канадската амбасада и ги подржуваме канадските бизнисмени заинтересирани за регионот. Затоа соработуваме и со Македонија 2025 и КАНСЕЕ и оваа соработка е добра за сите во регионот, бидејќи на овој начин имаме подобар животен стандард, поголем економски раст и мир и стабилност – изјави канадската амбасадорка Кети Чаба.

Посебен акцент на Бизнис форумот „Македонија 2025“ беше ставен на споделување на најдобрите практики во регионот преку говорите на претставници од врвни корпорации.

– Можностите на успешното инвестирање на компаниите во регионот може да доведе до одредени успеси и резултати кои се значајни за земјите кои инвестирале и ние тоа овде успешно го преставуваме, изјави Мирјана Дончиќ Беатон менаџер директор на КАНСЕЕ.

На Бизнис Форумот говореа и претставници од врвни корпорации, како Nevsun Resources Ltd., Delta Holding и Apatinska Brewer, Тивеш и други, како и Филип Лунески претседател на Македонската бизнис асоцијација во Србија, кој ги преставуваше македонските фирми во Србија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...