Повеќе стотици луѓе синоќа протестираа во Барселона против посетата на шпанскиот крал Фелипе Шести на Каталонија, каде беше домаќин на вечера за компании во областа на мобилната телефонија.
Кралот изгуби на популарност во Каталонија кога на врвот на сецесионистичката криза сепаратистичките лидери ги нарече неодговорни и недемократски.
Каталонските сепаратисти запалија фотографии на кралот и блокираа улици во центарот на Барселона.
Посетата на кралот на Барселона доаѓа во деликатен момент за шпанската политика со оглед на тоа што во Мадрид во тек е судење на дванаесетмина каталонски сепаратисти.