Преговорите меѓу Грција и нејзините доверители за финализирање на последната програма за спасување и излезот на земјата на пазарите денеска ќе бидат акцентирани на состанокот во Атина меѓу грчкиот премиер Алексис Ципрас и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, објави „Катимерини“.
Состанокот се смета за чин на висока симболика за поддршка од Европската комисија во рамките на напорите за спас на Грција од програмите на меѓународните кредитори по осумгодишната криза, коментира весникот.
Жан-Клод Јункер доаѓа во Атина еден ден пред неформалниот состанок на Еврогрупата утре во Софија. Се очекува грчкиот министер за финансии да ја претстави стратегија за развој на Грција по излегувањето на земјата од надзорот на доверителите.
ФОТО: Твитер