Загрижувачки податоци изнесе албанскиот државен инспекторат за труд во однос на бројот на работници кои животот го загубиле при несреќа на работното место.
Според генералниот директор на инспекторот, Арбен Сеферај, во првата половина од годинава при несреќа на работа животот го изагубиле 25 работници.
-Имаме 99 случаи на несреќа при работа, со повредени 88 лица, од кои 25 со фатален исход, изјави Сеферај.
Во врска со последниот инцидент, што се случи деновиве, кога при пад на скеле беа повредени шестмина градежни работнци по што двајца од нив, на 31 и 36 годишна возраст, починаа,тој призна дека во фирмата не била извршена контрола од 2016 година,поради „недоволен број инспектори“.
-Инспекторатот за труд со човечките ресурси со кои располага моментно покрива едвај шест отсто од активните бизниси во Албанија. Ова е една од причините поради кои во фирмата не е извршен надѕор од државниот инспекторат за труд, посочува тој.
Тој рече дека во првите шест месеци од оваа година биле извршени контроли кај 114 субјекти, каде се изречени 29 административни и 34 парични казни.
Сеферај најави дека трудовиот инспекторат ќе предложи нов правен пакет за заострување на мерките против субјектите што не се придржуваат кон законот, со цел да се спречат ваквите настани