Националната студентска унија на Албанија под мотото „втор декември -не преговори, единствено исполнување на барањата“ денеска ќе организира масовен протест, кој се совпаѓа со 8 декември, студентското движење од 1990 година.
За да се избегне каква било политизација, бидејќи и опозициската Демократска партија најави свои активности за одбележување на овој датум, студентите ја прогласија владината зграда за „забранета зона”.
– Утре протест има и Демократската партија. Но ние нема да бидеме вклучени во нego. Нема да дозволиме и тие да се вклучат во нашиот. Не политика! Нема минување покрај Владата, се наведува во синоќешната пораката на Унијата.
Студентите, како и изминатите три дена, ќе протестираат пред Министертвото за образование.
Тие ги повикаа сите студенти, матуранти, родители да им се придружат на мирниот протест за исполнување на барањата.
Пред два дена албанската Влада го исполни едно од барањата на студентите со укинување на членот од законот за високо образование со кој се предвидуваа нови тарифи за повторен упис на година и полагање заостанати предмети.
Тие до министерката за образование Линдита Никола доставија писмо со осум барања, меѓу кои во управите на унверзитетите да има нивен претставник, подобрување на условите во домовите за сместување, преполовување на тарифата за студирање, зголемување на буџетот за високото образование..