Во Австрија од 1. јануари в година самоуправувачкото возење кај автомобилите ќе биде дозволено. Тоа значи дека возачите ќе смеат да ги тргнат рацете од воланот, ако возилото има соодветна технологија – соопшти министерот за сообраќај, иновации и технологија, Норберт Хофер.
Самоуправувачкото возење ќе биде дозволено само на автопат и кога се вози во колона без менување ленти. Ќе биде дозволено и т.н. самоуправувачко паркирање, без присуство на возачот.
Хофер натаму истакна дека следните неколку години државата ќе вложи 65 милиони евра во „самоуправувачкиот сообраќај“, со што е предвидено земјата да биде меѓу водечките во Европа, во поглед на „самоуправувачкото движење“.
Австриските власти ја разгледуваат и можноста за самоуправувачки железнички сообраќај, како и за воздушен, но за тоа е потребна поширока правна рамка.