Повеќе од 250 милиони евра се вратени во стопанството заклучно со август, преку редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите, изјави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски.
– Само во август имаме поврат од 2,7 милијарди денари или околу 44 милиони евра, што е рекордна сума изминативе пет години – додаде Тевдовски.