Најмалку 30 цивили се убиени, а 40 се повредени во Авганистан при напад на американско беспилотно летало. Нападот бил насочен кон цели на Исламска држава.
Нападот бил извршен во планинското подрачје Вазир Танги во провинцијата Нангахар, источен Авганистан.
Авганистанското Министерство за одбрана и американски претставници во Кабул го потврдија нападот со дрон, но не соопштија детали.
– Американските сили извршија напад со дрон врз цели на ИД во Нангархар. Известени сме за наводите дека страдале лица кои не се борци и заедно со локалните претставници работиме на утврдување на фактите – изјави портпаролот на американските сили во Авганистан, Сони Леџет.
Во Авганистан се распоредени околу 14.000 американски војници.