ОН ја ставија мјанмарската армија на црната листа, поради постоењето осомничени групи за сексусално злоставување на подрачјето на оружени судири.
„Широко распростаранетите закани и пракса за сексуално злоставување стана нивна стратегија за понижување и колективно казнување на малциската заедница Рохинџи, а се со цел да ги принудат да се исселат и да спречат враќање“, се вели во соопштението на ОН.
Во него се додава дека насилството на мјанмарската армија над Рохинџите е поврзано со врежан наратив дека високиот наталитет на таа популација е закана за опстанокот на мнозинстката будистичка популација.
Делегација на СБ на ОН во крајот на април ќе ги посети Бангладеш и Мјанмар за да се согледа актуелната ситуација во врска со кризата со која се соочува заедницата Рохинџи.Во делегацијата ќе бидат амбасадори од сите 15 членки на СБ на ОН.