Повеќе лица се повредени во вооружениот инцидент што денеска се случи во Абердин, во округот Харфорд, американската сојузна држава Мериленд.
Според дел од американските медиуми, пукотниците се во магацин на фармацевстка компанија.
Гувернерот на Мериленд соопшти дека неговата канцеларија внимателно ја следи ситуацијата и оти државата е подготвена да пружи секаков вид помош.