Вонредна состојба во јужна Грција, поројни дождови предизвикаа поплави и запирање на сообраќај

Поради поплавите, запрен е сообраќајот на дел од автопатот Пиргос-Триполи и на магистралниот пат Пиргос-Кипарисија

269

Поројни дождови предизвика поплави во јужна Грција, јави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Поради поплавите, запрен е сообраќајот на дел од автопатот Пиргос-Триполи и на магистралниот пат Пиргос-Кипарисија во близина на селото Каликомо.

Дождовите предизвикаа проблеми и во селото Лацој во областа Пиргос, како и во градот Оленија, каде што поминува реката Енипеа.

Локалните власти планираат да прогласат вонредна состојба во областите погодени од поплавите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...