Вонредна седница на Владата вечерва за ребаланс на буџетот

1450

Владата на Република Македонија вечерва ќе ја одржи вонредна седница на која ќе се стави на разгледување и на усвојување Предлогот за изменување и дополнување на буџетот на Република Македонија за 2018 година.

„Постапката за измени и дополнувања на Буџетот за 2018 година, се иницира во овој период за да се запазат роковите согласно законската регулатива за негово усвојување во Собранието на РМ во случај доколку не се донесе одлука за одржување на предвремени избори“, најавија од Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...