„Вол Стрит Џурнал“: Домашните телефони не заминуваат во историјата

Донекаде, причините за тоа се чисто практични. На многу места, дури и во Америка, мобилните телефони се соочуваат со недостиг или пак целосен пад на мрежите.

162

Технолошката индустрија одамна го предвидува крајот на фиксните телефони и нивното сместување во музеите. Сепак, голем дел од домаќинствата се уште не се подготвени да се откажат од овој начин на комуникација, пишува „Вол Стрит Џурнал“.

Оние кои се против домашниот телефон истакнувуаат дека денес тој се користи само за рекламни известувања, измами и тормозење, но и покрај тоа „не сака да умре”. Истражување на американската Влада од 2017 година покажува дека 44 отсто од домаќинствата се уште имаат телефон со кабел. За споредба, пред три години тој број изнесувал 53 отсто, но сепак и последниот процент е доста повисок од оној на луѓето што се уште си купуваат грамофонски плочи, на пример – друг ретро артикл, којшто и во 21. век има свои корисници.

Донекаде, причините за тоа се чисто практични. На многу места, дури и во Америка, мобилните телефони се соочуваат со недостиг или пак целосен пад на мрежите. А и поставување мобилни предаватели во некои средини е забрането поради еколошки причини. Во такви случаи, обичните телефони се совршен резервен план.

Причина повеќе е тоа што многумина и се презаситуваат од второстепените намени на мобилните, па останува онаа основната – телефонирањето, се вели во написот.

Занимливо е и тоа дека некои современи фиксни телефони нудат многу поголем квалитет од порано, како на пример – подобар звук или константно стабилна врска, што е предност и во однос на најскапите смартфони.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...