Ким Џонг Нам, убиениот полубрат на лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-Ун, бил информатор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) објави „Волстрит џурнал” цитирајќи добро информирани извори.
Неколку поранешни американски официјални лица изјавија дека полубратот, кој со години живеел надвор од Северна Кореја и немал врска со Пјонгјанг, не можел да обезбеди увид во тајните активности на Северна Кореја.
Неименувани поранешни функционери во изјава за весникот веруваат дека е речиси сигурно дека Ким Џонг Нам бил во контакт со безбедносните служби на други земји, особено со Кина.
Весникот додава дека улогата на полубратот како информатор на ЦИА се споменува во книгата на новинарот на Вашингтон пост, Ана Фифифелд, „Големиот наследник”, што денеска ќе биде објавена.
ФОТО: EPA-KOREA-SUMMIT-PRESS-POOL