Патничкиот воз кој сообраќа од Скопје до Приштина и обратно ќе почне да сообраќа од понеделник, информираат од Железници транспорт. Овој воз во изминатиот период не сообраќаше редовно поради технички проблеми.
Возниот ред останува ист. Поаѓањето од Скопје ќе биде во 16.10 часот, додека возот се очекува да пристигне во Приштина во 19.10 часот. Од Приштина за Скопје, поаѓањето ќе биде во 07.10 часот, додека возот се очекува да пристигне во Скопје во 09.52 часот.
Воведувањето на редовната линија на возот Скопје-Приштина-Скопје се очекува значително да го зголеми движењето на патниците, уште повеќе со оглед на секојдневните потреби што луѓето ги имаат од двете страни на границата.