Две полицајки се тешко повредени во текот на денешниот протест и судир меѓу демонстрантите и полицијата во главниот град на Чиле, Сантијаго.
Во текот на крвавите протести во Чиле полицијата со демонстрантите главно се бори со солзавец и водени топови, а демонстрантите возвраќаат со различни средства, меѓу кои се и Молотови коктели, јави Индекс, хр.
Со Молотови коктели се погодени две полицајки, кои завршија во болница.
Двете се погодени во пределот на главата, а оосбено се потресни снимките и фотографиите на кои кај едната од нив се гледа целиот ужас низ кој минува додека колегите се обидуваат да го изгаснат огнот од нејзиното лице.
Повредени се 20-годишната Абигејл Каталина Абурто Карденас и нејзината пет години постара колешка Марија Хосе Хернандез Торес, двете припаднички на специјалната полиција од Сантијаго, пренесувата британските медиуми.
Двете во болница ги посети министерот за вантрешни работи Гонзлао Блумел, кој оттаму го осуди нападот.
– Ова е чисто насилство што нема врска со легитимните барања на демонстрантите. Тоа беше чин на кукавичлук и агресија насочени кон полицајките кои работат на обезбедување на мирот на своите сограѓани – изјави Блумел.
Новинарите кои се затекнаа на местото на настанот информираа дека полицијата, откако ги видела своите запалени колешки, ги интензивирала своите активности, почнувајќи да пука врз демонстрантите со гумени куршуми и засилена употреба на солзавец.
Во двонеделните судири меѓу демонстрантите, кои протестираат заради зголемената цена на превозот во земјата, и полицијата, досега се повредени повеќе од 800 полицајци и околу 1.650 демонстранти.
Предупредување дека снимката за некого може да биде вознемирувачка