Видеоснимка што настанала во една продавница за миленичиња ги разбесни сите љубители на животни и повторно ја започна расправата зошто луѓето земаат миленичиња и што освен статусниот симбол тие им значат.
Анонимна жена од Фујан, Кина, е главниот виновник за смртта на својот француски булдог, кого го фрлила во аквариумот што се наоѓал во продавницата за миленичиња, а во кој кутрото куче и се удавило. Имено, кучето за кратко време изгубило сила и потонало на дното, а девојката продолжила да снима и откако вработените во продавницата притрчале напомош на несреќното животно.
Нејзиното објаснување било дека кучето имало повреда, а таа само сакала да закрепне со пливање во аквариумот. Менаџерот на пет-шопот изјавил за медиумите дека продавницата ја прифатила одговорноста за смртниот случај и дека платиле за погребот на животното, но сопственичката од нив побарала надоместок во висина од речиси 2.000 евра.
– Ѝ ветив дека ќе разговарам со сопственикот, но кога се вратив дома го видов видеото што таа ги снимила, насекаде на интернет, а таа нè обвинува нас. Затоа го објавив видеото од нашата камера на кое се гледа сè. Кога кучето почнало да се дави, вработените потрчале да помогнат. Но се гледа како неговата сопственичка не прави ништо за да му помогне, туку продолжила да снима додека тие пробувале да го спасат – рекол менаџерот.
Видеото можете да го погледнете тука.