Возилата ќе се даночат според еколошката категорија.

За возила со вредност до 10 илјади евра, износот на данокот ќе се пресметува само според емисијата на јаглерод диоксид.

647

Од 1 јануари, за возила со вредност до 10.000 евра, износот на данокот ќе се пресметува само според емисијата на јаглерод диоксид. Разликата во еколошката категорија на возилата ќе се отслика во висината на данокот и кога станува збор за возила со дизел и бензински мотори.

Возило со иста вредност и иста емисија на јаглерод диоксид, ако е со бензински мотор ќе плати помал данок. На пример, за сите возила со вредност до 10.000 евра и емисија на јаглерод диоксид од 130 грама на километар, ако се со бензински мотор данокот ќе изнесува 6.500 денари, а ако моторот е дизел – двојно повеќе.

– Притисокот на граѓанскиот сектор за загадувањето на животната средина е жесток и со право, зашто за здравјето нема алтернатива. Министерство за финансии и Царинската управа одговараат на дел од предизвиците поврзани со загадувањето на воздухот со системско, а не со ад-хок решение. Минатата среда пратениците го изгласаа новиот Закон за данок на моторни возила. Со него  првпат се воведува принципот: ако возилото помалку загадува, за него има помал данок, рече министерката за финансии Нина Ангеловска на презентацијата на новата регулатива за оданочување на возилата при увоз.

Директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски посочи дека мотивирањето на граѓаните да набавуваат возила што помалку загадуваат ќе биде заедничко залагање на повеќе институции каде се планира спроведување посебни мерки. Сегашните бројки упатуваат на тоа дека 82 проценти од набавуваните возила се половни, а само 18 проценти нови возила.

Со Уредба, што Владата ќе ја разгледува на утрешната седница, се утврдува начинот на пресметка на данокот на моторните возила врз основа на два критериуми: емисија на јаглерод диоксид – јаглерод диоксид изразен во грамови по километар и вредност на возилото. Возилата со пониска емисија на јаглерод диоксид стануваат економски поисплатливи за набавка во однос на оние кои имаат повисока емисија на јаглерод диоксид.

Министерката Ангеловска нагласи дека новиот Закон за данок на моторни возила е прв закон за оданочување на возила што не води сметка само за висината на приходите во буџетот туку првпат се вградува компонента што ја стимулира набавката на еколошки возила и со тоа придонесува за намалување на загадувањето. Со тоа се стимулира обнова на возниот парк на систематска основа, што е многу важно, затоа што возниот парк во државата е стар меѓу 15 и 18 години.

Во Буџетот за 2020 година буџетските приходи од новиот данок се очекува да бидат колку и од акцизата на возилата во 2019.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.

loading...