Службени кучиња на австриската војска синоќа го убиле одговорниот за нив во касарната во Винернојштад, близу Виена.
– Белгиски овчари, во сопственост на армијата, го нападнале 31-годишнот офицер и го усмртиле – соопшти полицијата.
Офицерот синоќа бил задолжен за чување и хранење на кучињата. Тој бил пронајден мртов при контрола на објектот каде што биле сместени службените кучиња.