Турската владејачка партија денеска претстави Нацрт-закон во Парламентот кој ќе го намали периодот на служење на воениот рок од 12 месеци на 6 месеци и остава перманент можноста за плаќање на воената обврска за оние кои можат да си го дозволат тоа, јави Анадолија.
„Според Законот за новата воена служба, периодот на воениот рок ќе биде намален на 6 месеци, а можноста за плаќање на воената обврска ќе стане перманентна“, изјави за новинарите Мехмет Муш, заменик-претседателот на пратеничката група на Партијата за правда и развој.
Од турските граѓани, според Нацрт-законот ќе се бара да поминат едномесечна воена обука и тие ќе бидат ослободени од останатиот петмесечен воен рок со плаќање на 31.000 турски лири (5.024 долари).
За тој нацрт-закон се очекува да биде дискутирано во Големото народно собрание наредната недела откако ќе помине низ Комисијата за планирање и буџет.